Четири деца спакувале опрема за риболов и пари и одзеле автомобил пред да започнат со нелегално возење долго дури 900 километри, објави Би-би-си.
Тројца момчиња и едно девојче на возраст меѓу 10 и 14 години го напуштиле Грејсмер во Квинсленд за време на викендот. Еднo од момчињата кои учествувавле во ова бегство, преку порака ги известилo своите родители за заминувањето. Децата не биле од исто семејство, а автомобилот го украле од еден од нивните родители.
Рано во неделата, по 140 километри патување, групата застанала на бензинска пумпа во градот Банана, каде што, наводно, укралe бензин. На видеoснимка од нивното пристигнување на бензиската пумпа се гледа како автомобилот нормално влегува меѓу пумпите за бензин.
Подоцна истиот ден полицијата го забележала нивниот автомобил во Глен Енес, град во близина на Графтон и почнала да ги следи. Потерата набрзо била запрена поради грижа за децата и нивната безбедност. Полицијата потоа повторно ги забележала децата кога застанале во Графтон. Децата се заклучиле во автомобилот, а полицијата морала да примени сила за да влезе во возилото, по што ги привела малолетниците.
Еден од инспекторите на овој случај изјавил дека децата најверојатно се менувале зад воланот бидејќи патувањето од Грејсмер до Графтон обично трае околу 10 часа.
Полицијата објави дека ќе ги испрашува децата во присуство на нивните родители како и дека планира против нив да поднесе обвинение.
За да добијат возачка дозвола во Квинсленд и Нов Јужен Велс, кндидатите мора да бидат постари од 17 години.