Пред половина милениум, фирентинскиот уметник и пронаоѓач Леонардо да Винчи неверојатно прецизно ги скицирал деталите на човечката анатомија – но во поглед на деловите од женскиот репродуктивен систем, оваа прецизност изостанала.
Исто така, цервиксот и други делови на репродуктивниот систем на жената повеќе личат на животински отколку на човечки. Причината за тоа е дека Леонардо, најверојатно, правел скици користејќи го телото на животните како модел.
Питер Абрахамс од Медицинскиот факултет при Универзитетот во Ворвик, тврди дека познатиот уметник најверојатно имал тешкотии да пронајде тело од женски пол, па затоа не успеал да ја анализира анатомијата на женското тело до тој степен како што го познавал машкото.