Мобилниот телефон на специјалната обвинителка Катица Јанева е одземен по наредба на Обвинителството за гонење организиран криминал и корпци заради прибирање повеќе информации за истрагата што Обивинителството ја отвори денеска против Бојан Јовановски-Боки 13 и Зоран Милевски -Киччеец, првоосомничен и второосомничен за изнудување пари.
Од Обвинителството, исто така, потврдија и дека е извршен претрес во канцеларијата на Јовановски во 1ТВ на која тој е сопственик.
Претходно, изведени пред судија на претходна постапка беа Бојан Јовановски и Зоран Милески, кои се осомничени во случајот кој денеска го покрена ОЈО за примање награда за противзаконито влијание и за перење пари. За нив, Обвинителството бара одредување мерка притвор.