Властите во Русија и во Украина најавија дека двете земји се подготвуваат за голема размена на заробеници.
Рускиот заменик министер за надворешни работи Григориј Карасин изјави денеска дека двете земји разговараат за размена на 24 Украинци заробени во Азовско Море во декември минатата година.
Претходно, канцеларијата на главниот обвинител на Укарина соопшти дека веројатно рускиот новинар кој се наоѓа во притвор во Украина ќе биде пуштен на слобода.
Рускиот пратеник за човекови права Светлана Москалкова пристигна денеска во Украина каде разговараше за затворениците со својот украински колега.
Активностите околу затворените Руси и Украинци следуваат по минатонеделниот прв телефонски разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и шефот на украинската држава Володимир Зеленски.