Сообраќајната полиција вчера казнила 92 возачи поради брзо возење, информираат од СВР Скопје.
Според полицијата, акциска контрола за санкционирање на возачи на моторни возила кои ја пречекориле дозволената брзина на движење била спроведена вчера од 14 до 20 часот.
СВР Скопје казнила 92 возачи кои управувале возило со неприлагодена брзина, а биле откриени и 34 останати прекршоци при што издадени се 28 прекршочни платни налози и шест мандатни платни налози.
Во текот на изминатите денови (12, 13 и 14.07.2019 година) на подрачјето на СВР Скопје констатирано е дека вкупно 242 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 79 возачи од кои: 19 возачи затоа што управувале возило под дејство на алкохол, 55 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и пет возачи почетници кои не ги почитувале законските ограничувања.
Исто така, исклучени од сообраќај се и 41 возило од кои 39 бидејќи не биле регистрирани, едно поради претовар и едно поради технички неисправности. Санкционирани се 14 возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, осум возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, седум возачи поради неправилно престројување, 10 возачи поради неправилно престигнување, 22 возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, девет возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 25 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците санкционирани се 11 пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатите денови издадени се 151 мандатни платни налози и 97 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.