Шестгодишното момче од Русија, Ибрахим Лијанов, успеа без пауза да направи 4.445 склекови за време од два часа и на тој начин да освои стан за себе и своето семејство.
Момчето исто така со овој подвиг влезе и во руската книга на рекорди.
Ова момче кое ги има освоено симпатиите на домашната јавност го нарелуваат „чеченски Шварценегер“, а новиот дом го добил од локалниот спортски клуб каде Ибрахим секојдневно тренира со својот татко, пренесе „Дејли хант“.
Минатата година, на петгодишна возраст Ибрахим освои нов „мерцедес“, бидејќи без пауза успеа да направи 4.105 склекови.