Претседателот на Франција, Емануел Макрон се обрати на српски јазик на Калемегдан при денешната посета на Србија.
„Господине претседателе, драги Белграѓани кои дојдовте во голем број ви благодарам на извонредниот дочек! Време е да кажам во име на својата земја Франција ве сака, како што ја сакавте вие нејзе. Франција никогаш нема да го заборави жртвувањето на српскиот народ, крвта која заедно ја пролеавме, солзите на мајките, прогонот, непресушната болка. Франција знае дека судбината на Европа е испишана на ова тло, заедно се боревме на солунскиот фронт. Мораме да изградиме мир, длабоко верувам дека Србија е во Европа и дека Европа не може без Србија во нејзе“, рече Макрон.
(Говорот на Макрон на српски може да го видите од 47.минута од видеото)
Вучиќ, пак, рече дека Макрон успеал да ги придобие срцата на граѓаните на Србија.
-Големиот Мкрон изразува почит кон Нас! Србија и овие луѓе нема тоа да Ви го заборават. Рековте дека Србија вие во срцето, кралот Александар во 1918 година рече дека Србија падна, но дека Франција е со неа и сакаме со Вс да победуваме во иднина, рече Вучиќ пред насобраните граѓани кај Споменикот на благодарност на Франција.