Францускиот претседател Емануел Макрон пристигна во дводневна посета на Белград. Него го пречека српскиот претседател Александар Вучиќ.
Двајцата на аеродромот „Никола Тесла“ открија плоча по повод официјалниот почеток на работите на модернизацијата на белградскиот аеродром, која ќе ја спроведе францускиот концесионер, компанијата „Ванси ерпортс“.
Српскиот претседател Александар Вучиќ, во пресрет на посетата на Макрон порача дека посетата претставува и потврда дека Србија и Франција се на добар пат да постигнат повисоко ниво на политичка и економска соработка, каква што заслужува нивното постојано пријателство и прокламирано стратешко партнерство.