Нема поголемо лицемерие од тоа ВМРО-ДПМНЕ да зборува за Охрид, после 11 годишниот пустош што му го направи на Охрид и Охридскиот регион.
ВМРО-ДПМНЕ е директен виновник за уништувањето на културното и природното богатство поради целиот игнорантски однос на препораките на УНЕСКО од една стрнаа, и нивниот целосен фокус на криминал од друга страна.
Охриѓани многу добро знаат дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ целосно го разобличи ликот на Плаошник.
Граѓаните убаво се сеќаваат и на белосветските измамници како Субрата Рој кои Груевски ги најавуваше како странски инвеститори.
Охрид и Охридскиот регион беа во немилост на криминалната ориентација на ВМРО-ДПМНЕ.
Денес, Владата предводена од СДСМ, Општина Охрид, експертската јавност и невладиниот сектор интензивно и посветено работат на исполнување на препораките на УНЕСКО.
Владата предводена од СДСМ и надлежните институции ќе направат се да се спроведат препораките од УНЕСКО и да се заштити природното и културно богатство на Охрид и Охридскиот регион.