Премиерот Зоран Заев денеска повика на одржување лидерска средба, в петок во 15 часот во Клубот на пратениците.
Поканата е упатена до лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на ДУИ Али Ахмети и на Алијансата за Албанците Зијадин Села.
На лидерската средба, како што посочи Заев, би се разговарало за нов изборен законик и изборен модел, за законот за јавно обвинителство односно решавање на статусот на СЈО и за пописот.
Заев не исклучува да се разговара и за други теми, меѓу кои и за предвремени избори, на што инстистира опозицијата, но вели, иако валедајчката партија е подготвена за избори, предност во моменто треба да има евроинтеграцијата и развојот на државата и економијата.