Полицијата врши претрес во домот на Боки 13

Полицијата вечерва врши претрес во семејниот дом на родителите на Бојан Јовановски, во населбата Тафталиџе, но и во неговата канцеларија во телевизијата 1ТВ.

Во меѓувреме, тој пред еден час беше спроведен на распит кај судија на претходна постапка, кој треба да донесе одлука за притворот кој го бара ОЈО.

Боки 13 е осомничен дека заедно со бизнисменто Зоран Милевски Кичеец изнудувале пари од бизнисмен против кого се водела истражна постапка.

Неофицијално, мета на рекет бил Орце Камчев.

Треба да знаете
Последни објави