Од денеска почнаа градежните активности за реконструкција на улици на повеќе локации во Општина Аеродром. Во населбата Лисиче се реконструира улицата „Илија Димовски“, со што се решава долгогодишниот проблем на жителите на овој дел од населбата, кои се соочуваа со насобрана вода по секој пообилен дожд. Исто така, ќе бидат реконструирани и неколку краци на улиците на булеварот „Трета македонска бригада“, во непосредна близина на средното училиште „Димитар Влахов“. Општина Аеродром продолжува со активностите за подобрување на инфраструктурата и олеснување на секојдневното функционирање на жителите.