На искусниот напаѓач Даниел Стариџ му истече договорот со Ливерпул по крајот на сезоната и сега може слободно да го избере својот нов клуб.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, 29-годишниот напаѓач би можел својата кариера да ја продолжи во Серија А.
Наводно од италијанска Болоња го контактирале неговиот агент и веќе испратиле понуда, па останува да видиме дали Стариџ ќе ја прифати и ќе се пресели во Италија за прв пат во својата кариера.
Поранешниот англиски репрезентативец досега настапуваше само во англиски клубови – Манчестер Сити, Челси, Болтон, Вест Бромвич Албион и Ливерпул.