Тереза Меј смета дека изразувањето на Трамп за конгресменките е неприфатливо

Британската премиерка Тереза Меј смета дека е „целосно неприфатлив” јазикот што го употреби американскиот претседател Доналд Трамп во серијата твитови за пратеничките во Конгресот од редовите на демократите кои се од мигрантско потекло, изјави денеска портпаролот на премиерката, пренесува „Ројтерс“.

Трамп вчера го навреди конгресменките, нарекувајќи ги предизвикувачи на нереди родени во странство и кажувајќи им дека треба да се вратат во уништените и осиромашени места од каде што дојдоа.

Забелешките на Трамп на „Твитер“ наидоа на јавна осуда.

Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, рече дека претседателот сака „повторно да ја направи Америка бела”.

Треба да знаете
Последни објави