Министерот за надворешни работи во преодната влада на Австрија Александер Шаленберг денеска најави санкции на ЕУ против Турција.
– Денеска ќе усвоиме низа мерки против Турција, меѓу кои помалку пари, помалку кредити од страна на ЕИБ, прекин на преговорите за соработка во авиосообраќајот, рече Шаленберг пред состанокот со шефовите на дипломатиите на ЕУ во Брисел.
Тој истакна дека ставот на ЕУ кон Турција е логичен.
Шаленберг потсети дека ЕУ никогаш не прифати окупација на северниот дел на Кипар и дека поради тоа ја поддржува желбата на Кипар земјата сама да располага со своите ресурси.
ЕУ се противи на турските активности за пронаоѓање извори на гас на Кипар.
Шаленберг укажа дека санкциите против Турција се можни.