Баерн Минхен изгуби голем дел од својот сјај во медиумите по заминувањето на познати играчи како Хамес Родригез, Френк Рибери, Ариен Робен, Матс Хумелс и Рафиња.
Станува збор за придонесот на играчите преку социјалните мрежи. Анализата на „Спортбазер” покажува дека напуштањето на овие играчи довело до загуби од 89 милиони евра за најуспешниот германски клуб.
Баерн ги изгуби не само своите ѕвезди, туку и амбасадорите, бидејќи познатите играчи ја исполнуваат оваа функција на социјалните мрежи Фејсбук, Твитер и Инстаграм преку нивните профили, кои имаат милиони следбеници.
Заминувањето на Хамес Родригез го чинеше Баерн 68 милиони евра, бидејќи репрезентативецот на Колумбија е исклучително популарен кај навивачите на интернет. Матс Хумелс, кој се врати во Борусија Дортмунд, генерирал 8,8 милиони евра годишно на Баерн во социјалните мрежи.
Рибери и Рафиња носеле вкупно 11,9 милиони евра. Ариен Робен не користи социјални мрежи и затоа неговото напуштање не носи никакви загуби во клубот. Така вкупните загуби на Баварците се проценуваат на 88,7 милиони евра.
Во извештајот се вели дека трите нови засилувања на Баерн, Лука Ернандез, Бенџамин Павар и Јан-Фите Арп воопшто ја немаат истата тежина во интернет просторот, бидејќи тие ќе донесат на клубот само 1,9 милиони евра.
Сè може брзо да се промени ако тимот од Минхен го купи Лерој Сане од Манчестер Сити, бидејќи репрезентативецот на Германија е магнет за навивачите.