Вицепремиерот Анѓушев на средба со Анди Аранитаси, новиот директор на канцеларијата на ЕБОР

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев оствари средба новоименуваниот директор на канцеларијата на Европската банка за обнова и развој во Скопје, г. Анди Аранитаси, кој ќе ја преземе функцијата од досегашната директорка Анка Јоана Јонеску на 1 септември 2019 година.

Вицепремиерот Анѓушев му го честиташе преземањето на функцијата на Аранитаси и порача дека очекува воспоставената соработка помеѓу Северна Македонија и ЕБОР да продолжи да се одвива со воспоставената динамика, пред се за обезбедување на развојот на економијата и обезбедување на подобар живот за граѓаните. На состанокот, соговорниците зборуваа за тековните проекти кои се спроведуваат со заедничка соработка на Владата на Република Северна Македонија и ЕБОР, а кои се однесуваат на регионално патно и енергетско поврзување, проекти од енергетскиот сектор, како и проекти за поддршка на малите и средни претријатија во земјата. Вицепремиерот Анѓушев ја потенцираше добрата соработка помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Европската банка за обнова и развој, преку која во моментов на територијата на нашата земја, во различни фази, се одвиваат десетици проекти. Анѓушев подвлече дека поддршката од банката е значајна за реализација на енергетските проекти за подигнување на нивото на производство на електрична енергија од обновливи извори, стабилноста на електро енергетскиот систем, но и за изградба на екпресните патишта Крива Паланка-граница со Република Бугарија и Штип Радовиш, изградбата на железницата кон Република Бугарија и други проекти кои се изведуваат во соработка со банката.

Соговорниците се согласија дека соработката ќе продолжи со интензивна динамика, во насока на унапредување на поврзанoста во земјата и со соседните земји, во поглед на патна, железничка и енергетска инфраструктура, како и за унапредување на условите за водење на бизнис и обезбедеување на финансиски средства, особено за микро, малите и средните претпријатија.

 

Треба да знаете
Последни објави