Кавадарчанец со остар предмет му нанел убодна рана на сограѓанин, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
–Во Полициската станица Кавадарци, И.А.(38) од Кавадарци пријавил дека во неговиот дом дошол У.С.(20) од Кавадарци и започнал расправија со него во врска со паричен долг. Според пријавеното, И.А. со остар предмет му нанел убодна на У.С. На У.С. му била укажана лекарска помош во болницата во Кавадарци, појасни Додевски.
Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кавадарци. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.