Нова метла: Денес смена на 30 директори

Метлата на Заев денес ќе исчисти триесетина директорски места, дознава 24 инфо од свои извори. На денешната владина седница се очекува да бидат разрешени актуелните директори и да бидат назначени нивните наследници. На минатата владина седница беше разрешен Џеват Исени претседател на Управниот одбор на Акционерското друштво за стопанисување со стамбен и деловен простор. Владата не ги образложи причините за негово разрешување иако во јавноста се појави видео на кое Исени на свадбена веселба играше оро со пиштол.

Вадата веќе ги смени министрите за земјоделство, Љупчо Николовски, за култура Асаф Адеми, за финансии Драган Тевдовски, за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, за рамковниот договор Хазби Лика и за регулатива и инвестиции на домашни фирми Зоран Шапуриќ.

(В.А.)

 

Треба да знаете
Последни објави