Борис Џонсон, кандидат за нов британски премиер, не сакаше да потврди дали тој, ако победи, ќе живее со својата девојка Кери Симондс во резиденцијата во Даунинг стрит.
Џонсон, кој моментно се разведува од втората сопруга, избегна да одговори на прашањето за неодамнешната расправија со една девојка која беше толку бучна што соседите повикаа полиција.
„Јас едноставно не зборувам за луѓето што ги сакам, бидејќи ако ги вовлечете во јавноста, тие не можат да одговараат во свое име”, рече Џонсон, објави „Ројтерс“.
Тој додаде дека има правило да не коментира за такви нешта.
Запрашан кој ќе живее во резиденцијата во Даунинг стрит, Џонсон рече: „Не сакам да западнам во никакво теоретизирање за претпоставките за животот во Даунинг стрит”.