Буди и освежува: Леден коктел од кафе!

Овој напиток ќе ве освежи на најдобар можен начин. Освен што разладува, ќе ви обезбеди доволна доза кофеин, а со самото тоа и доволна количина на енергија. Идеален е за започнување на денот или пак за после работа.

Многу е вкусен и лесен за подготовка.

Потребно ви е:

– 1 кесичка инстант кафе;
– 1 лажица шеќер;
– 2dl млеко од кокос;
– 1 зрела банана;
– ¼ лажица екстракт од кокос.

Подготовка:

Овој кремаст и вкусен напиток ќе го направите за само неколку минути. Прво изматете го инстант кафето од кесичката со кокосово млеко. Потоа додадете банана, екстракт од кокос, шеќер и ситно искршен мраз, па смесата ставете ја во блендер и добро измиксајте. Истурете во долгнавеста чаша, по желба додадете уште неколку коцки мраз и украсете со шлаг.

Треба да знаете
Последни објави