Авионот „ембаер Е190“ на „Бритиш ервејз“ беше снимен на аеродромот на Скијатос во Грција додека се приближуваше кон пистата на копното, пишува „Индепендент“.
Аеродромот на Скијатос е популарна туристичка атракција, а еден куп туристи чекаат на патот покрај пистата за да доживеат необична авантура.
Видеото ги прикажува туристите кои мораа да се наведнат кога авионот слетуваше, поради што се претпоставува дека ова е најниското слетување досега на овој аеродром.
Исто така постои и предупредување кое вели да не се приближуваат кон пистата, и сите што одат на овој популарен остров не ја пропуштаат можноста да направат опасно, но во исто време возбудливо селфи со авион.