Демократите остро ги осудија расистичките изјави на Трамп

Демократите во американскиот Конгрес ги осудија изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, упатени кон четири демократски конгресменки. Претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси рекла дека нејзината партија ќе претстави резолуција која ги критикува „ксенофобичните твитови“ на Трамп.

Овој чекор би можел да ги стави републиканците на Трамп во незгодна положба, бидејќи би можело да ги доведе во ситуација или да гласаат против својот лидер или да ги бранат изјавите кои широко се прифатени како расистички.

„Нашите колеги републиканци треба да ни се придружат во осудата на ксенофобичните твитоти на претседателот“ изјавила Пелоси. Таа не прецизирала кога ќе се одржи гласањето.

Трамп изминатиот викенд на Твитер напиша дека четири конгресменки – Афроамериканки, требаат да се вратат во местата од каде што дошле.

Треба да знаете
Последни објави