Бизнисменот, жртва на милионскиот рекет од Боки 13 и Зоки Кичеец со посредство на една пријателска земја обезбедиле несоборливи докази по кои ОЈО морало да почне истрага, а истата тааа држава испратиле и специјално, лично обезбедување за главниот сведок во случајот.
Тоа во својата колумна за Плус Инфо го пишува новинарот Бранко Героски, кој во интерес на истрагата не наведуваа за кој бизнисмен станува збор.
Сепак, медиумите веќе обајвија дека станува збор за Орце Камчев, иако тоа не е официјално потврдено. Не е потврдено ниту дека Катица Јанева е обвинителот за кој ОЈО вчера информираше дека е вмешан во случајот, а ниту Героски тоа го прави во интерес на истрагата. Сепак, тој наведува дека станува збор за „познат и јавно воспеван јавен обвинител, од кого се очекуваше да ја донесе правдата во Македонија и дека тој, всушност, е мозокот на операцијата“.
Героски во колумната укажува на моментот, кој „поради недоразбирање околу поставените прашања на прес-конференцијата на Јовески и Русковска, се доби впечаток дека плаќајќи 1,5 милиони евра рекет, жртвата-сведок успеала да ја добие „милоста“ од спомнатиот обвинител. Но, вистината е дека тоа се нема случено!Уапсените во овој случај излегуваат на слобода со одлука на Врховниот суд, а популарниот обвинител, со неговите двајца подопашници – замислете! – продолжуваат да го рекетираат сведокот.“