Чешка ергeла коњи во Кладруба на Лаба, основана пред 440 години, влезе во Светското културно наследство на УНЕСКО, со што се призна знашењето на оваа повеќевековна традиција.
Ергелата официјално започнала да работи во 1579 година кога Рудолф II од хабсбуршката династија ѝ доделил царски статус на фармата основана од неговиот татко, царот Максимилијан II.
Таа е основана на одгледување и тренинг на „кладрубери“, редок вид на коњи, еден од најстарите во светот, објави АП.
Ергелата во 2015 година беше реновирана од фондовите на Европската Унија.
Ова е првата ергела што се најде на листата на УНЕСКО.