На листата на „Форбс“ од 400 милијардери – 63 од нив имаат само средношколска диплома, а повеќето не го наследиле, туку сами го направиле своето богатство.
Бил Гејтс и Марк Цукерберг се отпишале од Харвард, Дејвид Гефен бил само три семестри на факултет, а Ралф Лорен, Тед Тарнер и Стив Џобс, исто така се откажале од дипломите од највисок степен.
Милијардерите кои се откажале од колеџ очигледно знаат што прават, бидејќи во просек имаат по 9,4 милијарди долари.
Од друга страна, милијардерите со докторат во просек имаат по 3,2 милијарди долари, пишува „Инвеститор.ме“.
На листата на „Форбс“ има повеќе луѓе кои се отпишале од факултет од такви со докторат. Соодносот е 63 наспроти 21.
Меѓутоа, тајната на успехот не е само во напуштање на факултетското образование, туку и во тоа какви амбиции имаат оние кои се откажуваат.
Луѓето кои без диплома станале милијардери се посебни затоа што имаат нешто што ги тера да бидат успешни и може да се класифицираат во две групи.
Во првата група се луѓе кои се откажале од факултетско образование бидејќи имале одреден производ или бизнис план, на кој сакале да му се посветат и да го развијат зошто верувале дека ќе успеат. Втората група не го напуштила факултетот за веднаш да основа фирма или да развие производ. Нивнио пат е сличен, но сепак се разликува. Тие рабителе профитабилни работи и постепено напредувале кон врвот.