СДСМ продолжува со вистинска грижа за сите граѓаните, се спроведуваат клучни ветувања, се намалуваат трошоци, растат плати и пензии, се повеќе пари завршуваат кај граѓаните.
2 години СДСМ вистински се грижи за земјоделците, за нас секој е важен.
Доказ за тоа дека го слушаме гласот и потребите на граѓаните се работните активности на тимовите на СДСМ во рамки на летото и интензивните маалски средби.
На денешната маалска средба во село Страшинци, присуствуваа градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски и министерот за земјоделство, шумарство и водостапанство од СДСМ, Трајан Димковски .
На средбата се разговараше за соработката помеѓу централната и локалната власт и проектите кои се реализираат во интерес на граѓаните.
Со мерката зелена нафта, над 200 милиони денари завршуваат назад кај 55 илјади земјоделци.
Тука е и мерката за поврат на персоналниот данок за земјоделците, но и за поврат на 15% од ДДВ, мерки со кои се враќаат пари назад кај граѓаните, кај земјоделците.
Овие маалски средби имаат за цел да овозможат граѓаните да ги презентираат нивните потреби и предизвици со кои се соочуваат, како и да се слушнат нивните сугестии.
СДСМ е со граѓаните, го слуша нивниот глас и делува!