Претседателот на САД, Доналд Трамп, жестоко се бранеше дека не е расист по вербалниот напад на четири конгресменки. Но, неговите пораки на „Твитер“ во кои тој напаѓа четири демократски конгресменки предизвика бес и кај неговите републиканци, кои сè уште не се изјасниле за тоа.
„Тие пораки не беа расистички. Во мене нема ни трошка расизам“, изјави Трамп повикувајќи ги републиканците да не паднат во замката на демократските противници.
Трамп вчера жестоко вербално нападна четири конгресменки, обвинувајќи ги дека ги сакаат непријателите на Америка и им порача да ги напуштат САД ако не се среќни таму.
„Оваа група од четири лица постојано се жали“, изјави Трамп во Белата куќа, алудирајќи на Александрија Оказио-Кортез од Њујорк, Илхан Омар од Минесота, Рашида Тлаиб од Мичиген и Ajaна Пресли од Масачусетс.
„Овие луѓе ја мразат нашата земја, шират жестока омраза. Ако не сте среќни тука, можете да си одите“, додаде Трамп.
Тој кажа дека тие конгресменки може да се вратат од каде што дошле, со што предизвика критики кај демократите кои овие изјави ги оценија како расистички и ксенофобични.
Оказио-Кортез по потекло е од Порторико, Омар дошла во САД како бегалка од Сомалија, додека Тлаиб е прва Американска со палестинско потекло која влегла во Конгресот. Пресли е прва црномуреста Американка која е избрана да го претставува Масачусетс во Конгресот.