Сабјарка која испливала до плитките води на плажа во Халкида, на грчкиот остров Евија, заврши несреќно.
Најпрво, присутните на плажата почнале да паничат, мислеле дека се работи за ајкула, по што почнале да ја гаѓаат со секакви тврди и тешки објекти.
На крајот откриле дека се работи за бремена сабјарка која само сакала да се породи, а „благодарение“ на фрлањето камења и влечењето, успеале да ја убијат за само неколку секунди.