Maж од Колумбија беше уапсен на меѓународниот аеродром во Барселона, откако во неговата голема перика која ја носел на глава, бил пронајден половина килограм кокаин, соопшти денеска шпанската полиција.
По пристигнувањето од Богота, човекот го привлекол вниманието на полицијата бидејќи бил нервозен и имал голема перика под шеширот, објави „Ројтерс“.
Полицијата на главата на човекот пронашла пакет со кокаин во вредност од 30.000 евра.
Кај шверцерите на дрога не постојат ограничувања во инвентивноста при обидот да се минат контролите, се вели во соопштението на шпанската полиција.
Колумбиецот бил уапсен кон крајот на јуни.
Во 2018 година, шпанската полиција запленила повеќе од 100 килограми кокаин на аеродромот Ел Прат во Барселона.