Бугарските власти пред малку објавија вест дека во Хасково уапсен е Македонец кој крадел од муштерии кои го најмиле да ги превезе од Турција за Бугарија. Кај него во моментот на апсење пронајдени биле 1.400 евра кои ги украл од Германците кои требало да ги однесе со возило до дестинацијата за која го најмиле. Германците на возраст од 28 и 29 години туристички ја шетале Европа и го најмиле Македонецот. Иако за услугата сиплатиле пред да почне патувањето сепак на крај завршиле олеснети за скоро 1.500 евра. Бугарската полиција најавува детали за попладне, откако ке бидат сослушани двете страни.
(В.А.)