Хакери упаднале во системите на даночната управа и украле лични и финансиски податоци на милиони Бугари, соопшти денеска бугарската Влада.
Како што пренесе Фена, нападот на бугарската даночна управа (НРА) се случил кон крајот на јуни, а за него се дознало кога лице кое тврдело дека е руски хакер синоќа ги контактирало локалните медиуми нудејќи пристап до украдените податоци.
– Споредивме 30 отсто од податоците што се јавно објавени и потврдуваме дека се работи за податоци кои ги имала НРА, рече портпаролот на НРА Росен Бачваров.
Бугарскиот министер за финансии, Владислав Горанов изјави дека околу три проценти од базата на податоци е засегната, што вклучува милиони досиеја во земја во која има седум милиони жители. Според него, не само што протекле лични податоци, туку и даночни и социјални податоци.