Делегацијата на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, пристигна на Барабадос за да учествува во новата рунда разговори со опозицијата, рече министерот за комуникации и информации, Хорхе Родригез, пренесува ТАСС.
„Дојдовме на прекрасниот остров Барбадос за да продолжиме со мирен дијалог”, напиша Родригез на својот официјален профил на Твитер.
Тој додаде дека делегатите ќе вложат напори за воспоставување мирен механизам за решавање спорови.
Најмалку два круга индиректни разговори меѓу властите на Венецуела и опозицијата се одржаа во мај во Осло под медијација на Норвешка. На 8 јули почна нова рунда разговори на Барбадос.
Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, рече дека преговорите се сеопфатни и не ја исклучуваат можноста да се постигнат некои договори.