Иранското судство го потврди апсењето на научничката Аделка

Иранското судство денеска го потврди апсењето на научничката Фариба Аделка, која има двојно француско и иранско државјанство, еден ден откако францускиот претседател Емануел Макрон го покрена тоа прашање.

Макрон вчера побара објаснување од Иран за апсењето на Аделка минатиот месец, инцидент што ги комплицира француските напори за намалување на тензиите во регионот, објави Ројтерс.

„Оваа личност неодамна беше уапсена … но поради природата на овој случај, ова не е вистинскиот момент да се дадат какви било информации за тоа”, изјави портпаролот Голамхосеин Есмаили за време на директен пренос на сиусдската веб-страница.

Треба да знаете
Последни објави