Хрватската полиција соопшти дека голем пожар избувнал во шума на островот Паг во текот на ноќта, објави телевизијата N1.
Според извештајот, пожарот избувнал на плажа во местото Новаља.
На оваа локација се одржувал традиционален музички фестивал, така што околу 10.000 луѓе биле евакуирани, соопшти полицијата.
На теренот се излезени голем број пожарникари, а исто така во гасењето на пожарот се вклучени и три канадери.