ВМРО-ДПМНЕ се уште неможе да се помири со фактот дека оваа Влада предводена од СДСМ вистински се грижи за земјоделците.
Времето на ВМРО-ДПМНЕ ќе остане запаметено како погубно за земјоделскиот сектор, неисплатени субвенции, лаги , закани, уцени и притисоци.
Наспроти таквите деструктивни политики, денес преку мерките кои ги спроведува ресорното Министерство и политиките на владата предводена од СДСМ, се намалуваат трошоците на земјоделецот и се повеќе пари завршуваат во нивниот семеен буџет.
СДСМ не ги дели земјоделците по партиска линија и не прави селекција на подобни и неподобни земјоделци како што тоа се правеше во времето на ВМРО-ДПМНЕ.
Денес имаме навремена и неселективна исплата на субвенциите по тековните Програми за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Со мерката “зелена” нафта 200 милиони денари се враќаат кај 55 илјади земјоделци кои се регистрирани за обработка на градинарски и полјоделски култури, лозови и овошни насади и поседуваат обработливо земјиште, а воедно поднеле единствено барање за субвенции по Програмата за директни плаќања 2018.
Утврдување на трошоците и процентот за кофинансирање за секоја култура поединечно беше направена од посебен експертски тим во коишто беа вклучени и земјоделци.
Истовремено, од почетокот на мандатот јуни 2017 година се исплаќаа и заостанати долгови за субвенции од 2013, 2014 и 2015 година од времето на ВМРО ДПМНЕ.
Зборот важи!
СДСМ и надлежното Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство остануваат посветени на грижата за земјоделците преку мерките со кои се намалуваат производствените трошоци и се обезбедуваат повеќе пари за секој земјоделец .