Австралискиот актер Хју Џекман (50) се наоѓа на турнејата „The Man. The Music. The Show“ во Соединетите Американски Држави, а обожавателите ги изненади со неверојатен потег.
Познатиот актер минатата недела послужуваше кафе, а целиот настан го забележа со фотографија што ја објави на својот твитер-профил.
„Ви благодариме што дојдовте да не гледате во Денвер“, напиша Џекман во описот на фотографијата. Бројните следбеници го пофалија овој чин и го нарекоа „човек од народ”.
„Го сакам како глумец, но и како човек. Во овие ситуации гледаме кој не е искомплексиран и на кого славата не му удри во глава“, се некои од коментарите под објавувањето