Тинејџер од прилепското село Свето Митрани бил тешко повреден кога со мотоциклот што го управвал се судрил со автомобил, вчера во прилепското село Кривогаштани. Сообраќајката се случила вчера во 9.15 часот на крстосницата од улиците Филип Втори и Гоце Делчев во селото Кривогаштани.
Автомобил „голф“ со прилепски регистарски ознаки управуван од Т.К.(59) од селото Кривогаштани се судрил со мотоцикл „јујинг“ без регистарски ознаки, управуван од Ф.Н.(17) од прлепското село Свето Митрани.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот кој бил пренесен во Градското болница во Прилеп.
Увид извршила екипа од Полициската станица Прилеп.