Основното јавно обвинителство и припадници на Министерството за внатрешни работи вчера имале налог за приведување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во зградата на СЈО, неофицијално дознава МКД.мк.
Според извори на порталот, додека се вршел претресот по домовите на обвинетите, Јанева успеала да се јави на поранешен дипломатски претставник во Македонија, учесник во пржинските преговори. Освен овој телефонски разговор, Јанва се слушнала и со висок претставник на македонските власти. Присутни на овој случај, тврдат дека Јанева се заканила дека дел од снимките се депонирани во странство.