Во Австралија пронајдена порака во шише напишана пред 50 години

Рибарот Пол Елиот денеска објави дека го бара авторот на пораката во шишето кое го пронајде во јужниот дел на австралискиот брег и за кое вели дека има 50 години.

Според него, тој и неговиот син пронашле едно шише додека ловеле  риба и како што кажа автор на пораката е  Пол Гибсон, кој се опишал како 13-годишно англиско момче, кое со крузер патувало од градот Фрементл на запад кон Мелбурн, на исток од Австралија, пренесува АП.

Националниот океанограф Дејвид Грифин ја изрази својата неверица велејќи дека шишето не можело да лебди 50 години на југот на Австралија, бидејќи „океанот не мирува”.

Како што рече шишето најверојатно било закопано во песок на плажа, а потоа бурата го одвлекла во морето.

Стотици илјади Британци емигрирале во Австралија во 1960-тите, но четвртина од нив се вратиле во Велика Британија, бидејќи Австралија не ги исполнила нивните очекувања.

Треба да знаете
Последни објави