Не сум се слушнал со Катица Јанева пред да и се одземе телефонот. Во нејзиниот дом не е правен претрес туку само и е одземен телефонот. Судството треба да утврди дали е употребена или злоупотребена Јанева- изјави Зоран Заев.
Верувам во судство и во нашиот правосуден систем и конечно тој функционира. Законот важи за сите и овде реформите се најголеми. За „Империја“ верувам дека секој кој се огрешил во државава ќе одговара. Како власт не се мешаме овде и се процесираат случаи и се носат пресуди. Ги охрабрувам сите да работат според закон. Судиите треба да ја вратат во нормала правната држава.