Никој не е виновен додека не се докаже спротивното. Не е мое да коментирам истрагата за „Рекет“ допрва треба да се докаже кој е виновен- вели Заев.
Според него не во ред на лидерска средба да се бара да се смени Јанева без образложение.
-Може да бараат од опозицијада сменам добар министер. Сега Јанева не е таму, се чека закон да се избере нејзин наследник. Се додека не се докаже дека е инволвирана во криминал стојам позади неа. Порано се ставаше се под тепих. Сега сите се обвинети или осомничени. Никој не е заштитен и спрема секој ќе има истрага ако се огрешил. Законот важи за сите. Дали бил близок до власта или власта го подржувала, сите се исти пред закон. Порано се гинеше за своите, се уценуваа судии. Сега веќе не- вели Заев. Заев упати во ОЈО да каже дали некоја странска држава му дала поддршка на бизнисмнот во „Рекет“.
Кои се причини за смена на директори. Голем дел од директори нови се знаат. Причини за смена се сестрани. Нереализација на капитални инвестиции, недоволна транспарентност, послаб менаџмент, замерки од меѓународни организации. Сметам дека промени се здрави за државата и треба да бидеме подобар сервис на граѓаните.