Жените можат да бидат сигурни дека менструалните чашки се непропустливи исто како и тампоните и влошките, покажува првиот голем научен преглед на санитарните производи.
Менструалните чашки ја собираат наместо да ја апсорбираат крвта. Тие влегуваат во вагината, но за разлика од тампоните можат повторно да се користат.
Иако добија на популарност, истражувањето покажало дека свеста кај жените за менструалните чашки е релативно ниска.
Истражувањето, објавено во магазинот „Лансет Јавно здравје“, вклучува 43 студии, а биле испитани 3.300 жени и девојки кои живеат во богати и сиромашни земји.
Вообичаената загриженост кај жените, во врска со користењето на чашките, е болка и тешкотии при вметнување или отстранување, како и протекување.
Но, истражувањето покажало дека компликациите се многу ретки. Резултатите од 13 студии покажале дека 70 отсто од жените сакале да продолжат со употреба на менструалните чашки кога им било познато како делуваат истите.
Четири студии, кои опфатиле 300 жени, го споредиле протекувањето меѓу менструалните чаши и еднократните тампони или влошки. Протекувањето било слично во три студии и значајно помало во менструалните чаши во една студија.