Словенка исчезнала на Мљет, се нуди награда од 10 илјади евра за нејзино пронаоѓање

Словенката Алма Новљан исчезнала на хрватскиот остров Мљет каде била на одмор со нејзиниот сопруг. Последен пат била видена на 26 јуни од кога и се губи секаква трага.

Дента исчезнала, таа носела црна кошула со натпис ,,Биг Бен Лондон”, бели шорцеви и сандали. Таа беше пријавена за исчезнати од страна на нејзиниот сопруг со кого престојувала во кампот во Ловиште на Пелешец, каде што последен пат била забележана.

Нејзиното семејство на Фејсбук објави дека нудат 10 илјади евра награда за информациите коишто би помогнале таа да се пронајде.

И покрај сите напори и претраги, досега потрагата не дава резултати.

Треба да знаете
Последни објави