Петнаесет годишно девојче навреме било спасено од алпинистичкиот тим на полициските „Тигри“ откако паднало во провалија и се повредило, вчера утрото во атар на прилепското село Селце.
Според полицијата, немилиот настан во ПС Прилеп бил пријавен во 7.45 часот. Несреќата се случила во месноста Чуле на Селечка планина, атар на селото Селце. 15-годишното девојче од Прилеп паднало во провалија и се здобило со повреди. Полициски службеници веднаш излегле на местото но бидејќи теренот бил непристапен била повикана алпинистичка екипа на ЕСЗ „Тигар“. Специјлаците со хеликоптер на МВР во најкратко можно време пристигнале на местото и го извлекле девојчето, кое било префрлено во болницата во Прилеп.
Во разговор со полициските службеници девојчето изјавило дека при пешачење се лизнало и паднало во провалија.
За настанот е известен и Јавен обвинител.