Од „ЕВН Македонија“ информираат дека поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, без електрична енергија ќе останат корисниците од Сопиште, Кисела Вода, Ѓорче Петров и Карпош.
Во периодот од 8.30 до 15.30 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од с. Долно Соње. (општина Сопиште), од 8.30 до 15.30 часот корисниците од делови од улицата Востаничка, од броевите 98 до 134 и од броевите 61 до 77 (општина Кисела Вода), од 9 до 11 часот корисниците од објектите кон Болница „Бардовци“ (општина Ѓорче Петров) и во периодот од 12 до 15 часот корисниците од булеварот 8 Септември бр. 14, „Руѓер Бошковиќ“, броевите 15, 17 и 19 и улицата Шекспирова бр. 7, влез 3 и влез 4 (општина Карпош).