Висока сметка во кафеана, причина за бркотницата со сатар во ТЦ Лептокарија

Висока наплатена сметка во кафана била причина за бркотницата со сатар денес на пладне во ТЦ Лептокарија, информираат од МВР за 24 Инфо.

Според полицијата, случајот бил пријавен од минувачи во 11.20 часот.

-Првичната истрага утврдила дека најпрвин дошло до вербална расправија помеѓу неколку лица кои биле незадоволни од високата наплатена сметка во ресторанот во кој седеле. По расправијата дошло до бркотница. Случајот е пријавен и се расчистува, велат од полицијата.

Според МВР, нема информација за повредени лица.

 

Треба да знаете
Последни објави