СДСМ продолжува без срам упорно да ја потценува интелигенцијата на граѓаните.
Нормите за градење се јасни кога станува збор за вакви дивоградби каква што е на Усеини која што власта ја толерира.
Градоначалникот на Охрид наместо да постапува според законот за градење и да ја урне дивоградбата, си игра мајтап со јавноста и ги остава бизнис – партиските интереси пред интересите на граѓаните. Јасно се гледа дека оваа власта предводена од СДСМ нема абер од почитување на законите. За овој и останатиот криминал СДСМ и Заев ќе одговара, а тоа време брзо ќе дојде.