Дејан Шатри ,од Црна Гора 35- годишник го убил татко си со коса зошто не му сварил кафе. Шатри има има психички проблеми и го искасапил 64- годишниот Агим Шатри по караница. На инспектроите им раскажал дека излегол надвор, ја зел косата и го удрил татка си.
-Дејан има психички проблеми. Во понеделникот наутро рекол дека му се пие кафе и побарал одтатко му да му свари. Тој не м дозволил бидејќи пие многу кафиња во текот на денот и сметал дека уште едно ќе му биде премногу. Поради тоа се скарале , па Дејан излегол во бавчата ја зел косата, па пет пати го идрил татко му- вели извор за „Курир.рс“.
Мртвиот Агим го пронашла сопругата, мајката на Дејан, која вели дека кобниот ден била во градот по социјално.
– Кога се вратив доживеав шок. Агим лежеше во локва крв на паркетот. Прашав што се случило, но немаше одговор.Отидов во собата на Дејан а тој лежеше во креветот. Го прашав што се случило а тој ми рече дека дошле да го позајмат Агим- раскажала Снежа.
Таа вели дека Дејан молчел и кога полицијата го прашала што се случило.
– Подоцна ми рече да му сварам кафе и дека ќе ми раскаже се. Објасни дека ја зел косата и го удрил Агим. Не знаеше да објасни што го изнервирало. Ги одведе и инспекторите до местпото каде ја оставил косата, а тие ја зедоа како доказ- раскажала Светлана.
Таа вели дека нејзиниот син од времето на бомбардирање од претрпен шок и страв почал да има проблеми, го воделе и на лекар но ништо не помогнало.
За сопругот вели дека до пред пет години бил добар, но тогаш заболел од шеќер.
– Трпев семејно насилство. Секогаш се караше со мене и ме тепаше, се закануваше дека ќе ме убие. Насилството го пријавив а беше и во затвор два дена. Минатата година го пуштија. Беше инвалид, десната нога му беше отсечена, а после тоа имаше проблем и со бубрезите. Беше страшно нервозен“ раскажала Светлана.
Роднините и соседите кажале дека целиот крај знаел дека Дејан има проблеми.
– Неговите родители, покрај Дејан, имаат уште еден син. Но, Дејан му беше миленик на Агим. Не сакаше да го остави во болница. Тешко ја поднесуваше болеста на син му и на сите му зборуваше дека тој е паметен човек – рекол соседот.