Шеќерим Ахмеди , познат во јавноста како Ел Чека возврати на обвинувањата на
премиерот Зоран Заев дека кога-тогаш ќе одговара за објавувањето на прислушуваните материјали на „Фејсбук“.
„Зоран Заев знам дека те боли што пропадна организираниот криминал што го имаше во
СЈО, ти пропадна планот за рекетирање и уценувања. Јас сум ги прекршил законите? Ако
е така, да ви ги е*** законите на таа ваша држава која ослободува криминалци секој ден,
а држи Албанци по затвори“, напиша Ел Чека.
Ел Чека му порача на Заев и да престане да вели дека прислушувањето го правела
претходната власт и дека прислушувањето го правел некој друг, а не криминалците на
Груевски и Мијалков, како и да престане да се претставува како жртва.
Претходно Заев на прес-конференција му се закани на Ел Чека дека ќе одговара за
објавените разговори и го повика ако има материјали и за него, да објави како што тоа го
прави за лидерот на ДУИ Али Ахмети и други функционери од партијата.
https://www.facebook.com/dan.dervishi.5/posts/465402944284860